Американски лекар тврди дека човек може да воскресне неколку часа по смртта.
“Има случаи кога луѓе воскреснале 3, 4 па дури и 5 часа по појавата на смртта, и продолжиле да живеат убав живот”, објаснува д-р Сем Парнија, директор на центарот за реанимација на Универзитетот “Стоуни Брук” од Њујорк.
Многумина веруваат дека запирањето на работата на срцето е еднакво на смрт. Лекарите долго мислеле дека ако отсуствува срцевата активност повеќе од 20 минути, мозокот страда од непоправлив хендикеп. Но, како што тврди д-р Парнија, ова може да се избегне со помош на реанимација и нега.
Тој објаснува дека е важно да се спроведе масажа на срцето со вистинската фреквенција и сила, за да не дојде до хипервентилација на пациентот. Потоа реанимацијата може да се продолжи со помош на апарати.
Д-р Парнија објаснува дека откако мозокот ќе престане да добива постојано дотур на кислород преку крвотокот, тој не умира веднаш, туку се става во режим на мирување, спречувајќи го сопствениот процес на распаѓање.
Процесот на “будење” на заспаниот мозок е ризично, бидејќи во овој стадиум кислородот може да биде потенцијално токсичен. Тоа е нешто како да се случи цунами по земјотресот. Најдобро во ваква ситуација е да се излади пациентот до 32 степени, што го успорува распаѓањето на мозочните клетки.
Многумина се навикнати да сметаат дека смртта е ненадеен настан, но на клеточно ниво процесот поминува низ одреден временски период.
Д-р Парнија тврди дека околу 10% од пациентите можат да преживеат клиничка смрт. Некои експерти сметаат дека таа е предизвикана од невролошки активност. Како што објаснува британскиот психолог Каролин Ват, која е специјалист за паранормални случаи, околу половина од сите пациенти имале претсмртно искуство, иако не биле блиску до смртта. Тие тоа го доживуваат за време на трауматски искуства, на пример за време на породувањето. Но, какви и да биле чувствата, тие може да се наречат контакт со задгробниот живот.
“Луѓето од целиот свет ги опишуваат истите состојби, но нивната интерпретација зависи од своите убедувања”, раскажува Д-р Парнија. Најчесто се опишуваат силна светлина, искуства надвор од телото (летање над хирурзите во салата за операции), друга реалност или димензија, различни средби (со ангели или мртви роднини), тунел, слушање на глас, кој им вели дека уште не е време, потсетување на животни радости и сл.
Многу луѓе што преживеале клиничка смрт, тврдат дека стануваат посигурни во себе. Многумина од нив го менуваат односот кон животот, почнуваат да го ценат повеќе, стануваат трпеливи и имаат повеќе разбирање кон другите.
Повеќето почнуваат да веруваат во духовниот свет, што не води задолжително кон почесто посетување на црква, туку кон зајакнување на внатрешните лични духовни квалитети. И конечно луѓето по клиничка смрт често велат дека не се плашат од смртта, и сметаат дека по смртта ги очекува позитивно искуство.
Американски лекар тврди дека човек може да воскресне неколку часа по смртта.
“Има случаи кога луѓе воскреснале 3, 4 па дури и 5 часа по пој