Дали ви се случува на бирото во канцеларијата секогаш да имате отворена кутија со колачиња или вашите омилени бонбони? Ако одговорот е да, не сте сами во тоа.
Грицкањето на работа кај жените е прилично честа појава, а новото истражување покажува дека редовното грицкање води кон зголемување на телесната тежина до три килограми, што е еквивалентно на зголемување на обемот за еден конфекциски број.
Друг интересен податок на оваа студија беше фактот дека на прашањето за тоа колку грицкаат на работа, една третина од луѓето не дала точна проценка, што би можело да укаже на фактот дека луѓето често не се свесни за тоа колку всушност јадат во текот на работното време.
Да се одвикнете од грицките на работа е тешко, бидејќи нашиот енергетски допинг помага да останеме будни, но не е лоша идеја да ги замените бомбоните со грозје или бадеми, а кутијата со колачиња со омиленото овошје … Промената во овие навики ќе ви помогне да отстраните некој килограм, а на долг рок да се чувствувате посреќни и поодморени.Дали ви се случува на бирото во канцеларијата секогаш да имате отворена кутија со колачиња или вашите омилени бонбони?