Поучна приказна: девојката и мудрецот

Кај еден мудрец дошла млада, убава девојка, целата облеана во солзи.
– Што да правам? – низ солзи прашала таа. Секогаш се обидувам да се однесувам добро со луѓето, никого не повредувам, помагам со што можам. И покрај тоа што со сите сум добра, често наместо благодарност и почит, добивам навреди и иронични насмевки. Дури некои се однесуваат отворено непријателски со мене. За ништо не сум виновна и се е толку неправедно и навредливо! Посоветувајте ме што да направам!
Мудрецот ја погледнал со насмевка и рекол: – Соблечи се гола и прошетај така низ градот! – Молам?! Да не сте полуделе?! – одговорила девојката. – Ете гледаш!- се насмевнал повторно мудрецот. Да го покажеш голото тело пред луѓето – се срамиш. Зошто тогаш одиш по светот со гола душа? Таа е отворена како оваа врата. Секој што ќе посака влегува во твојот живот и ако ги гледа твоите добри страни како одраз на сопствените пороци, тој се труди да те навреди, оклевети, понижи. Не секој има храброст да признае дека некој е подобар од него.
– Погледни ги овие прекрасни цветови! Многу години се грижам за нив и ги поливам, но ни еднаш не сум видел како распукуваат пупките, макар што после тоа се насладувам на убавината и мирисот на секое од нив. Биди како цвет, откриј го срцето пред луѓето бавно и неприметно. Види кој е достоен да биде твој пријател и да твори добро, како се полива цвеќе со вода и кој крши ливчиња и го гази цвеќето со нозе. „Не фрлај бисери на свињите!“
Извор. lady.mkКај еден мудрец дошла млада, убава девојка, целата облеана во солзи.

Пронајдете не на следниве мрежи: