Омилен појадок: Кајгана мафини

На луѓето кои се трудат да ослабат им се препорачува да јадат обилен појадок, но да одбегнуваат бело брашно и рафинирани шеќери рано наутро. Наместо тоа, нутриционистите предлагаат храна која ќе ве засити, како јајца, спанаќ, авокадо, органска овесна каша, дури и палачинки од интегрално брашно.Некои луѓе одбегнуваат да јадат јајца поради погрешното верување дека содржат многу холестерол. Меѓутоа, докажано е дека холестеролот во јајцата не е штетен по здравјето. Напротив, јајцата се многу важен дел од исхраната ако се подготвени на правилен начин.
Јајцата се одличен извор на протеини и содржат витамини А, D и Е, В12, рибофлавин, како и железо, калциум, цинк и селен. Токму затоа треба да бидат дел од вашето утринско мени, а кајгана мафините се одличен начин да не ви досади нивното подготвување, бидејќи може да направите безброј комбинации со други состојки од „дозволената листа“ на намирници за слабеење.
 
 

Некои луѓе одбегнуваат да јадат јајца поради погрешното верување дека содржат многу холестерол. Меѓутоа, докажано е дека холестеролот во јајц

Пронајдете не на следниве мрежи: