Вечерва со почеток во 19 часот, во ликовната галерија на Домот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп, беше отворена изложбата на уметницата Славица Јанешлиева – Бачварска, насловена како „Состојби“.Најновата изложба на Јанешлиева следи како продолжение на нејзините претходни реализа¬ции со инсталации/објекти кои егзистираат паралелно со нејзините остварувања во доменот на графичкиот медиум.
Артикулацијата на нејзиниот уметнички израз со пошироко и сеопфатно преиспитување на актуелните состојби и општествени аномалии, како и со генерално девалвираното секој¬дневно живеење, во случајов е презентирана во шест одвоени амбиентални сегменти, изведени со за неа препо¬знатлив директен и специфичен ракопис, кој инсистира на продлабочени релации слика-значење.
„Идејата за да се реализира оваа изложба трееше веќе подолго време, тие кои го познаваат моето творештво можат да најдат извесни асоцијации со моите претходни објекти/инсталации. Особено аналогија може да се направи со делото „Крик“ кое што беше направено во 2003 година. Изложбата се вика „Состојби“ затоа што секој ден не преокупираат одредени проблеми на кои што можеби можеме да делуваме како индивидуи, меѓутоа и не толку многу. Употребени се секојдневни предмети заради секојдневните проблеми, истовремено и заради ситуацијата во која се наоѓа ликовната уметност денеска во Македонија како и заради една поблиска корелација со публиката. Ова се некои мои коментари, согледувања, пронаоѓање решенија или едноставно искажување на мојата емотивна и интелектуална свест за состојбите во кои се наоѓаме денес. Оваа изложба се состои од 6 објекти кои егзистираат заедно во насловот „Состојби“, меѓутоа и секој објект само себе ја раскаѓува својата приказна“, рече Славица Јанешлиева – Бачварска, уметник.
Јанешлиева дипломирала на ФЛУ во 1996 година, од 2008-2010 е продекан на ФЛУ, во 2011 избрана во звањето вонреден професор, додека пак во 2016 добива звањето редовен професор. Учествувала во над 200 национални и меѓународни групни изложби и добитник е на голем број домашни и странски награди.Најновата изложба на Јанешлиева следи како продолжение на нејзините претходни реализа¬ции со инсталации/објекти кои егзистираат паралелно со не