Еден е театарскиот мирис, театрите во секој дел од светот мирисаат исто – мирисаат на креативност и создавање на уметност, истакна Игор Џамбазов во „Око“ на ТВ Нoва говорејќи за љубовта кон театарот.„Сите душебрижници што велат дека театарот е во криза и никогаш не било пострашно јавно ги разубедувам дека не се во право и своите политички фрустрации треба да ги решат на друго место, а не таму каде што најмногу боли и каде што се културата и уметноста“, истакна Џамбазов.
Тој во „ОКО“, го коментираше изгледот на стариот Македонски народен театар, наспроти новиот објект.
„Стариот МНТ е монтажна барака што била направена привремено како името наше, наменета за два месеци ама остана таму 20 години. Театар Центар е реновиран неколку пати, ама таму мирисаше не само на театар мирисаше и на канализација. Вистински потег е што и таму ќе се прави нешто ново, таму е сега театар Комедија, но мислам дека тоа место заслужува еден подобар објект. Во новиот театар од моментот кога ќе влезеш до моментот кога заминуваш имаш чувство дека си во еден светски театар“, истакна Џамбазов и додаде дека овој театар го има задржано изгледот од пред земјотресот и е правен според тие проекти.„Сите душебрижници што велат дека театарот е во криза и никогаш не било пострашно јавно ги разубедувам дека не се во право и своите политички