четврток, 12 ноември 2026
Најново

Започна Интернационалниот Џез-викенд во Прилеп

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Вчера вечер на летната сцена на Центарот за културата „Марко Цепенков, започна јубилејното петто издание на Интернационалниот Џез-викенд во Прилеп. Фестивалот го презентира музичкото творештво во светот на џезот пред прилепската публика со основна идеја за поинаков урбан Прилеп и заложби за следење на вистинските светски културни вредности.Манифестацијата се отвори со Биг бендот на МРТВ, кои предизвикаа вистински овации кај публиката и фри џез составот Хашима од Србија.
„Хасхима“ е белградски состав, кој соединува повеќе поранешни музички искуства и прави музика, која стилски е тешко да се категоризира. Како инспирација го издвојуваат Вејн Шортер, Василије Мокрањац, Игор Стравински, како и рок и фолк музиката. Поетиката ја црпат од европскиот уметнички филм и книжевност, кои сублимно се преплетуваат со ткивото на авторската музика и и даваат програмски карактер.
Вечерва, настапуваат Dine Doneff”s Lost _Anthropology од Грција кој е активен на грчката музичка сцена од раните 80-ти, потоа следува експерименталниот состав „Chui“ од Загреб, а во off програмата со својот сет ќе не носи популарниот DJ Костадин Шурбановски – Шурбе.
Џез-викендот е во организација на локалната самоуправа, а е дел од циклусот насловен „Сезонски фестивал“.Манифестацијата се отвори со Биг бендот на МРТВ, кои предизвикаа вистински овации кај публиката и фри џез составот Хашима од Србија.
&bdquo

Поврзани вести