Летната книжевна сезона на нови изданија, популарни цени, промоции и наградни игри започнува во книжарниците на Издавачкиот центар ТРИ. Летниот фестивал и оваа година нуди многу интересни содржини за македонските читатели, а еве само неколку причини зошто оваа книжевна манифестација вреди да се проследи:Новитети
ТРИ е издавач со импозантен број на изданија, а Фестивалот е период во кој се промовираат нови и атрактивни книги – оваа сезона најавени се многу новитети, меѓу кои и италијанската сензација Елена Феранте и првиот дел од Неаполските романи – Мојата генијална другарка. Дефинитивно една од најдобрите книги што можете да ги прочитате ова лето!
Големи попусти
Фестивалот е одлична можност да ја збогатите домашната библиотека со насловите што одамна ги посакувате. ТРИ ги нуди сите свои изданија со попуст до 70%, а на попуст ќе бидат и книги од други издавачки куќи.
Голем избор
Во книжарниците на ТРИ ќе најдете голем избор на белетристика и монографски изданија на англиски јазик во издание на светски реномираните издавачи Ташен, Рандом хаус, Октопус… Книги за архитектура, уметност, фотографија, филм, мода и избор од најдобрата продукција на англиски јазик, исто така со фестивалски цени.
Гостувања
Не е необично во книжарниците на ТРИ да сретнете некој од локалните писатели и да добиете посвета, но ова лето гости на ТРИ ќе бидат и неколку интернационални имиња. Следете ја фејсбук страницата за да бидете информирани за календарот на активности во текот на фестивалските денови (и не заминувајте на одмор сè додека не бидете сигурни дека вашиот омилен автор не е на листата на гости.)
Одвојте време за кафе и книга
Избегнете ги горештините и засолнете се во некоја од книжарниците во која, покрај книгите, специјалитет е и кафето. Имајте спокоен миг прелистувајќи некоја од илјадниците книги или побарајте од книжарот да ви предложи книга што би била идеална за вас за ова лето. Новитети
ТРИ е издавач со импозантен број на изданија, а Фестивалот е период во кој се промовираат нови и атрактивни кн