АРТЕ Галерија на ден 23.06.2016 (четврток) со почеток во 20:00 часот ја организирa изложбата на „Филигрански мотиви“ на авторката Мирјана Николоска во изложбениот простор на АРТЕ Галерија.Во оваа изложбена поставка ќе бидат претставени околу 40-на филигрански дела изработени од компресирана хартија со срмен конец во златна и сребрена варијанта, украсени со циркони и оригинални охридски бисери.
Рачно изработените филигрански дела се со различни димензии зависно од композицијата, секое оригинално, уникатно и препознатливо за Македонското културно поднебје.
Со изработка на „Филигрански мотиви” авторката Мирјана Николоска ја продолжува традицијата на еден од најстарите и најубавите Македонски занаети кој се користел низ вековите.
Филигранските дела се доказ за љубовта и умешноста на творецот во пренесувањето на една од најубавите техники преку својата умешност создавајќи префинети, уникатни, оригинални и препознатливи дела од македонското културно поднебје во кои е зачувана традицијата, културата и македонското културно наследство.Во оваа изложбена поставка ќе бидат претставени околу 40-на филигрански дела изработени од компресирана хартија со срмен конец во златна и сребрена