Завршил во болница откако ја изел најлутата пиперка во светот

Маж кој учествувал на светски натпревар во јадење лути пиперки во Њујорк завршил во болница поради тежок облик на главоболка. Триесет и четири годишниот маж изел пиперка позната како „Carolina Reaper”, која во 2013 година влезе во Гинисовата книга на рекорди како најлута пиперка во светот.
Мажот бил хоспитализиран откако со денови имал неподнослива главоболка.
Неговиот случај е објавен во магазин како прв кој е поврзан со консуминирање на лути пиперки.
Докторот кој го следел неговиот случај ги предупредува сите кои јадат лути пиперки, доколку почувствуваат слични симптоми да се јават на лекар.
Силните главоболки се предизвикани со изненадно собирање на крвните садови кои мозокот го снабдуваат со крв.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.