Топол пролетен ден во Македонија ќе има и во вториот ден од викендот – УХМР за денес најави максимални дневни температури од 20 до 26 степени.
Управата за хидрометеоролошки работи прогнозира промена од понеделник, кога ќе преовладува променливо облачно и малку посвежо време со повремени врнежи од дожд, од вторник и со локална појава на грмежи.
Највисока дневна температура денеска е измерена во Гевгелија, 29 степени, а во Скопје, како и во Демир Капија, Штип и Струмица, максималната температура достигнала 28 степени. Најниска дневна температура од 19 степени денеска е измерена во Маврово.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.