Рации во Порше поради скандалот со дизел емисии

Обвинители извршија рации на 10 локации во јужна Германија во истрагата насочена против актуелни и поранешни менаџери во автомобилската компанија „Порше”, дел од групацијата Фолксваген, поради скандалот на компанијата со емисијата на издувни гасови од дизел моторите.

Обвинителите во Штутгарт соопштија дека рациите во Баден-Виртемберг и Баварија се дел од истрагата за сомневањата за измама и лажно рекламирање. Тие велат дека истрагата се однесува на член на одборот на Порше, друг член на нејзиното раководство и трето лице кое повеќе не е вработено во Порше.

Обвинителите на други места во Германија истражуваат наводни прекршоци кај Фолксваген и Ауди, друга од единиците на германскиот производител на автомобили, во случаите поврзани со скандалот околу манипулацијата со податоци од дизел-емисиите што се случи во 2015 година.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.