четврток, 12 ноември 2026
Најново

Падна плафонот во бањата во студентскиот дом „Кузман Јосифовски Питу“

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Условите во студентските домови од ден на ден стануваат се` полоши.

По вчерашното појавување на змија во „Стив Наумов“ која ги преплаши студентите, денеска повторно нов скандал кој можеше да премине во вистинска трагедија- падна плафонот во „Кузман Јосифовски Питу“.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Студентите револтирано прашуваат што уште треба да се случи за да се поведе грижа за условите во кои тие привремено престојуваат.

Изминатиов период, студентите тврдеа и дека повеќе од еден месец немало топла вода во „Стив Наумов“ и дека не се води никаква грижа за домовите во кои се сместени.

Поврзани вести