Чавков излегува од притвор

Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 денеска му го укина притворот на Митко Чавков и ја прифати дадената гаранција во недвижен имот како мерка за негово присуство во судската постапка за настаните од 27 април минатата година во Собранието на Република Македонија. На Чавков му е одземена патната исправа и има обврска еднаш неделно да се јавува во Судот.

– Кривичниот совет на Одделението за гонење организиран криминал и корупција при Кривичниот суд постапувајќи по предлог на одбраната на М.Ч. опфатен во обвинителниот акт поврзан со настаните од 27 април 2017 година, во Собранието на Македонија, донесе решение со кое го прифати предлогот за определување мерка за обезбедување присуство – гаранција во недвижен имот, со кое по правосилноста на решението и запишување на гаранцијата, мерката притвор ќе се укине, а заради обезбедување присуство во текот на постапката се определуваат и мерки за претпазливост, односно привремено одземање на патната и друга исправа за преминување на државната граница и забрана за издавање нова, како и обврска обвинетиот еднаш неделно да се јавува во Судот, се наведува во соопштението од Кривичниот суд.

Поранешниот министер за внатрешни работи Митко Чавков беше вратен во притвор на 28 март, еден ден откако Врховниот суд го пушти од Истражниот затвор Шутка во куќен притвор. Причината за неговото враќање во притвор, како што образложија од Кривичниот суд било тоа што тој самоволно ја сменил локацијата за издржување домашен притвор.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.