Еден од најпопуларните ланци за брза храна во светот, Сабвеј во моментот се наоѓа пред најголемиот предизвик во својата историја. За време на минатата година, морале да затворат дури 909 филијали во Соединетите Американски Држави, а оваа години планирано е затворање на уште 500. Во овие тешки моменти за компанијата, од Сабвеј излегува и Сузан Греко, главната директорка на компанијата која таму помина цели 45 години. Таа е сестра на покојниот коосновач на Сабвеј, Фред ДеЛук. Сопствениците на франшизата мислат дека со нејзиното заминување е вистинско време компанијата да го промени начинот на работење.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.