Елизабет Харли е една од најзгодните актерки која, како што поминуваат годините, изгледа се подобро.
Свесна за својот сјаен физички изглед, но и младоликост, 52-годишната Харли редовно објавува фотографии на својот Инстаграм профил.
Покрај фотографиите од плажа, поранешната вереница на Хју Грант често сака да открие како ја одржува својата неверојатна фигура.
Овој пат објави фотографија на која покажува како прави јога на плажа.
Инаку, таа редовно во медиумите зборува за здрав начин на живот, па ги открила трите активности кои се задолжениз а нејзиниот сјаен изглед.
-Кога ќе ја преминете четириесеттата, можете да почнете да се занимавате со аеробик или едноставно помалку да јадете. Јас обожувам да јадам, па затоа комбинирам аеробик, јога и пилатес, рече Харли.