Жител на хрватскиот град Осијек се почувствувал непријатно кога на соседната тераса неколку дена по ред ја забележал сосетката како се сонча гола.
Прашањето:„Дали е тоа прекршок“ јавно го поставил на социјалните мрежи барајќи одговор на прашањето дали има основа за тужба против младата сосетка.
Правните познавачи му го испратија следниов одговор:
„Според членови на законот за прекршоци против јавниот ред и мир, за таков чин предвидена е парична казна од 30 до 100 евра“, одговор што одел во прилог на вознемирениот сосед.
Иако дел од коментарите беа дека терасите се приватни места, правните познавачи појаснија дека станува збор за, таканаречени „фиктивни јавни места“ кои може да предизвикуваат вознемиреност кај соседите слично како кога гласна музика ечи во соседството од некој приватен стан.
Неизвесно е дали сосетката ќе се соочи со прекршочна пријава, но јасно е дека по реакциите, нејзиниот сосед наместо разголената сосетка пред очи ќе ја има само сивата фасада.