Нова дрога ги напаѓа тинејџерите!

Психијатарот Катарина Додиг Чирковиќ вели дека децата се примени со различни симптоми меѓу кои неконтролирано агресивно однесување, губење контакт со реалност, дезориентација во времето и просторот, висок крвен притисок, вознемиреност, халуцинации и параноја. Таа предупреди дека малолетниците од освежувачите за воздух во комбинација со друга супстанца вдишуваат комбинација која е претставува опасност по нивниот живот.
Според нејзините зборови овие освежувачи содржат хемиски изменет и значително јак екстракт од канабис. Не станува збор за освежувач, туку за синтетичка дрога, која е лесно достапна за малолетниците, а до информации за неа доаѓаат преку социјалните мрежи, надвор од родителски надзор. Лекарите и полицијата предупредуваат дека синтетичката улична дрога легално се продава во пакувања како освежувачи за воздух или миксови од билки. Пакетчињата се различно дизајнирани имаат различни имиња како Спајс, Галакси, Зомби и други, пренесува индекс.хр.
Поради последици предизвикани од инхалирање супстанци во „освежувачи за воздух”, во Осијек се хоспитализирани шест малолетници на возраст од 13 до 17 години, соопшти болницата предупреди дека оваа дрога може да биде опасна по живот. Сеуште немаме информации дали нешто вакво има и во Македонија.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.