Во Лос Анџелес неодамна се одигра права драма. Во петокот околу пет часот попладне мал авион принудно слета сред прометна улица во Хантингтон Бич, избегнувајќи бројни автомобили.
Медиумите јавуваат со авионот Чесном 172 управувала пилотка која набрзо после полетувањето од блискиот аеродром јавува дека итно морала да слета затоа што и откажал моторот.
Успеала да го приземји авионот така што ги избегнала автомобилите на патот и бројните жици кои и стоеле на патот. Сведоци на инцидентот говорат дека не можат да веруваат дека авионот не се удрил.
-Можеше тоа да заврши многу, многу полошо. Авионот пролета под сите тие жици, што беше голема работа. Тие жици висат баш ниско, а цел дел од градот би останал без струја, за АБЦ кажа сведок на случајот, жената Тори Џонсон.
Американската Сојузна управа за цивилно воздухопловство објави дека го истражува ова случување, како и дека авионот ќе се растури на парчиња како би се утврдиле фактите.