Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје од 22 часот синоќа до пет утрово спроведе контрола врз 304 возачи од кои алкотестирани биле 197. Кај 43 од нив е утврдено присуство на алкохол над дозволеното.
Како што соопшти МВР, констатирани се и други 48 прекршоци.
Министерството за внатрешни работи најавува дека ќе продолжи со вакви акции, особено на територијата на Скопје. – Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот на патиштата, стои во соопштението на МВР