Тело на жена од Индонезија е пронајдено во желудник на питон долг седум метри кој е фатен во близина на место каде што жената исчезнала во поле, објави локалкната полиција.
Телото на 54-годишната Ва Тибе било пронајдено од страна на мештаните кои биле во потера по неа на островот Мун, југоисточно од Сулавеси.
-Жителите се сомневале дека змијата ја проголтала жртвата, па ја убиле, рече шефот на локалната полиција, додавајќи дека змијата била распарана и телото на жртвата е пронајдено во внатрешноста.
Гигантскиот питон живее во тропските шуми и често напаѓа мали животно, но ретко и луѓе.