Во случај да сте љубител на палачинките, тогаш мора да го знаете овој одличен трик со кој се служат сите слаткари, а кој го прави тестото меко, вкусно и воздушесто. Порталот “Genius Recipes” пишува дека е клучно да користите свежи јајца, а освен тоа треба да го припремате тестото на малку поинаков начин.
Во рецептот со кој се фалат најдобрите слаткари, јајцата се кршат, а потоа се одвојува жолчката од белката. Жолчките се мешаат со млекото, а белките следат на самиот крај со цел палачинките да добијат воздушеста форма и мекост.
Додавањeто на белките при крајот од припремата на тестото е трик кој се користи во припрема на суфле, со цел суфлето да биде пенесто и лесно. Освен мекост, припремата на палачинки на овој начин ќе го направи тестото да биде и потенко.
Овој трик можете да го применувате во секој рецепт за палачинки во кој се користат јајца.
Само одвојте ги жолчките од белките, ставете ги сувите состојки во еден сад, а во другата жолчките и течните состојки. Помешајте ги сувите и течните состојки заедно, и на крајот додадете ги белките во целокупната смеса.
Оставете да отстои околу 5 минути и вашите палачинки се спремни за подготовка.