Ни беше пример за како е да си вистинска ѕвезда, а толку скромен

На социјалните мрежи секој ја остава својата последна порака за легендарниот музичар Оливер Драгоевиќ, кој утрово околу 5 часот ја загуби едногодишната битка со ракот.
-Почивај во мир драг пријателе со прекрасна душа, отменост, скромност и срдечност а со големина и човечност колку планина.Чест беше да се настапува заедно со тебе и да се соработува.

Балкански доајен, фер човек и најголема легенда.Пријателство со нашето семејство повеќе од 4 децении.Ни беше пример за како е да си вистинска ѕвезда а толку фер и скромен.Таа чесна школа е се поретка.Благодарни сме што оставивме заедничка трага во музиката – му порача на маестрото, Гаро Тавитјан.

Пронајдете не на следниве мрежи: