Скијач исчезнат во 1954 година идентификуван преку Фејсбук

Француски скијач кој исчезнал во Италија пред повеќе од 60 години и чиишто остатоци беа најдени во 2005 година, конечно е идентификуван откако приказната за него беше објавена на Фејсбук, соопшти италијанската полиција.
Телото и ски опремата се најдени во италијанскиот регион Аости, на Алпите, на 3.000 метри надморска височина. Но, истражителите не можеле да ја идентификуваат жртвата, се додека фотографиите од пронајдените предмети не беа објавени на социјалната мрежа.

Француско семејство ги виделе фотографиите, и ги препознале очилата кои му припаѓале на нивниот роднина Анри ле Ман, па со помош на дополнителни ДНК анализи, утврдено е дека тоа е тој.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.