четврток, 12 ноември 2026
Најново

Сончево со умерена облачност, температура до 36 степени

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Времето во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност, попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот, особено во планинските региони. УВ индексот ќе изнесува 8.
Утринската температура ќе се движи од 14 до 23 степени, а дневната температура од 26 до 36 степени.


Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност, попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот, особено во планинските региони.
Утринската температура ќе достигне до 20, а дневната температура до 34 степени.
Поизразена нестабилност ќе има за време на државниот празник Илинден (четврток) и в петок кога на повеќе места ќе има поинтензивен пороен дожд и грмежи, локално и во форма на невреме. Од сабота се очекува стабилизорање на временската состојба.

Поврзани вести