Љубоморен маж ставил уред за следење на автомобилот на својата поранешна сопруга, она што го открил го шокирало

Љубоморниот градежник, 37 годишниот Дејвид Џонс од Рочдејл на северозападот на Англија, поставил уред за следење на автомобилот на својата поранешна сопруга затоа што се посомневал дека многу брзо го преболела, а откритието до кое дошол брзо после тоа, го оставило во шок.
Поранешната сопруга на Дејвид, Стејси Бакли, после разводот почнала врска со жена, а освен првобитниот шок, љубоморниот градежник сега се соочува и затворска казна, затоа што неодамна е прогласен за виновен за следење и напад.


Шефот на градилиште тешко се носел со разводот од сопругата со која имал две деца, па во нејзиниот автомобил сокрил уред со чија помош го следел нејзиното движење.
Ја следел неколку дена, а потоа следел шок. Во еден трговски центар ја видел како се смее и се држи за рака со поранешната девојка на неговата сестра, Лаура Флин.


Тој ги фотографирал, а потоа фотографијата ја пратил на својата поранешна сопруга со закана дека ќе ја пронајде каде и да побегне. Покрај тоа, признал дека ја шпиунирал.
Стејси после тоа го претресла својот автомобил и во него нашла мал црн уред, кој Дејвид го купил преку интернет.
Љубоморниот градежник е прогласен за виновен за следење, но и за напад на својата поранешна сопруга, која ја нападнал во нејзиниот дом откако открил со кого се забавува.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.