Редовните шопинг излети, кои резултираат со непотребни трошоци, предизвикани се од недостаток на контрола, предупредуваат експертите. Токму поради тоа сметаат дека зависноста од шопинг, позната како ониоманија или компулсивно пореметување од купување, треба да се прогласи за ментална болест.
Недамнешната студија, која ја спровело медицинското училиште во Хановер, открива дека 7% од возрасните покажуваат некаков вид на компулсивни проблеми во врска со купувањето, а во последните две децении, овој број е зголемен, особено во Америка и Европа.
Клиничкиот психолог во медицинското училиште во Хановер, Астрид Муелер, вели дека потребно е поголемо разбирање и препознавање на оваа загрижувачка состојба.
„Време е да го препознаеме пореметувањето од купувањето и да го третираме како ментална состојба. Тоа нам ќе ни помогне во развој на подобри методи за дијагнозата и нејзино лечење“, рекла Муелер.
Професорот Марк Грифитс, од Универзитетот „Нотингем Тренд“, смета дека постојат веродостојни докази дека мал број на поединци прават компулсивно купување, но истакнува дека пред службената дијагноза, треба да се направат повеќе квалитетни истражувања.
Според „PsychGuides“, оние кои страдаат од оваа состојба често како причини го наведуваат нагонот за трошење пари или анксиозноста, која може да се ублажи само со куповина. Таквите луѓе, шопингот го користат како бегство од негативните емоции.
Пореметување може да се разбвие без оглед на примањата, бидејќи артиклите кои ги купуваат не се многу скапи.