Најмалку седум лица загинаа, а 59 се ранети во експлозијата, што одекна денеска пред градинка во градот Суџоу, во источната кинеска провинција Џиангсу.На кинеските Интернет страници се објавени фотографии на неколку жени и деца, кои лежат на земја, од кои некои крварат, а прикажана е и жена, која држи расплакано дете.
Кинеската новинска агенција Синхуа објави, повикувајќи се на Брзата помош дека експлозијата се случила додека децата си заминувале од градинката во попладневните часови по локално време.
Претставник на полицијата во округот Фенџијан изјави дека во тек е истрага за причините за експлозијата.
– Повредени се неколку деца, нагласи тој.
Полицијата соопшти дека експлозијата одекнала во 16:50 часот по локално време.
На кинеските Интернет страници се објавени фотографии на неколку жени и деца, кои лежат на земја, од кои некои крварат, а прикажана е и жена, која