Како што поминува времето, сигурно сте забележале дека сè повеќе го полните вашиот паричник. Особено ако сте жена, големи се шансите дека веќе не ни можете да го затворите – тој е преполн со картички и сметки, и има буквално сè освен парите коишто најверојатно ги носите во чанта или во џеб. Па, доколку сакате да го искористите целиот потенцијал на вашиот паричник, погледнете што треба да задржите во него.
1. Една или две кредитни/дебитни картички
Ова е добар совет доколку сакате да се заштитите од кражба. Колку повеќе картички имате, толку полесно е некој да си направи добар „шопинг“ со вашите пари уште пред да забележите дека ви недостига паричникот. Да не зборуваме и за фактот што сигурно тие ви се од различни банки, па ќе изгубите многу време додека ги замените сите.
2. Секогаш имајте барем 200 денари кеш, плус монети
Иако живееме во свет на кредитни и дебитни картички, немаме секогаш можност да плаќаме исклучиво со нив. Токму затоа и поставете си го 200-денарското правило кое може да ве извлече од некои навистина непријатни ситуации доколку се најдете на место каде што не можете да платите со картичката.
3. Фотографија од бебе
Според една неодамнешна студија од Универзитетот Хертфордшир во Англија, фотографијата од слатко бебе е единствената причина некој да се потруди да го врати изгубениот паричник на сопственикот. Во студијата, дури 88% од паричниците со бебешка фотографија биле вратени на личноста на којашто ѝ припаѓале.