четврток, 12 ноември 2026
Најново

И по 17 години никој не одговара за крвничкото убиство на Трпковски и Илиевски во мотелот „Бриони“

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Две недели по потпишувањето на Рамковсниот Охридски договор, кој требаше да стави крај на военото дејствување на паравоената ОНА, на 26 август беа убиени Светослав Трпковски и Боге Илиевски.
И по 17 години се уште се непознати сторителите кои со динамит ги врзале двајцата за столбови и ги разнеле заедно со мотелот „Бриони“ кај Челопек.
Семејството на Трпковски, кои и годинава го посетија разурнатиот мотел Бриони каде се одржа парастос за загинатите Трпковски и Илиевски, по 17 години и натаму остануваат посветени на барањето на правда и откривање на виновниците за овој бомбашки пир од конфликтот во 2001-та година.


Овој случај беше опфатен со автентичното толкување на Законот за амнестија заедно со останатите три хашки случаи. Во стара состојба е и разурнатиот мотел Бриони бидејќи дел од албанското население од Челопек се спротиставува земјоделската задруга Единство да продолжи да стопанисува со него.

Поврзани вести