Малолетно девојче го киднапирале, два месеци ја силувале и жигосувале

Случајот со киднапирање и злоставување на девојче во Мароко ја згрози јавноста, а сега се огласи и нејзината мајка. Неименуваната 17 годишна малолетничка насилниците ѕверски ја мачеле два месеци, силувале и на крајот жигосувале со тетоважи.
Страшното злосторство се случило во местото Олад Ажид во Мароко, после што е одведена во една куќа каде проживеала тортура со групно силување од страна на според последните информации 13 момчиња.


После тоа што го доживеала се огласи и нејзината мајка.
-Само што не се онесвестив кога го видов нејзиното унаказено тело фрлено пред нашата куќа. Не можев да гледам, само се срушив кога ги видов тие тетоважи, изгореници, рани… Мојата ќерка ја загуби честа. Зошто тоа му го направија на моето дете? Дали се тие животни? Дали некогаш ќе биде онаа старата?, се прашува очајната мајка.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.