Насловот ја сумира поделеноста на личноста на ликот кој сака да биде премиер по секоја цена ама ако може да нема никаква одговорност по пат и секако да нема нити пречки нити предизвици. Ботовите се разбира паднаа во колективен севдах од лошо препишаните пароли со кои требаше да се создаде ореол на „војвода“ како што вели Сотир Костов (неговиот истурен играч за известување и создавање на смут меѓу организациите кои се изјаснија за Бојкот на референдумот). Ореол за да има на што да се потпре зомбифицираното многуилјадно членство кое добива миксирани сигнали во текот на цела оваа година, токму од него.
Тоа е воочено и се се прави за контрола на штетата со препишување и дотерување на мемиња и пароли од интернет. Но има еден мал проблем. „Лидериштето“ има проблем со комплекс на помала вредност. Истиот го соопшти, односно прочита неколку реченици подолу после паролата (во која се кладам не верува ни самиот да го отепало членството ако ги предадел). Помалата вредност може да е како дел од семејното наследство? Раснел со силен татко кој му ги тргал пречките низ кариерата и го догурал до заменик на својата катедра. Типична комуњарска традиција од времето на претходниот систем. Башка што е со БЦ секој ден на кафица…Дури на и своите скрипти го потпишувал. Може ова не е општо позната работа, но во академските кругови и тоа како се знае. Сега откако ја нема татковската строга фигура која треба да ги реши проблемите имаме проблем, како партија и како нација. Нема кој да ги заштити нашите интереси оти човекот сега му текна дека НЕ Е НИКОЈ ЗА ДА НИ КАЖУВА КАКО ДА СЕ ИЗЈАСНИМЕ НА РЕФЕРЕНДУМОТ.
Катастрофа. Меркел го изменаџира како мало дете. Остај ти тоа што он низ „Белата палата“ се фали дека му се јавува секојдневно. Демек другарчиња, ако ме разбираш што сакам да ти кажам. Јас пак се сомневам дека германците МУ ГО ЗЕМАЛЕ ТЕРКОТ уште од протекциите на катедрата и му нашле НЗС како да го хендлаат. Оти секако би било незгодно ако ФРОЈЛАН Меркел дојде, а едно ВМРО изорганизира 50.000 луѓе на протест против РЕФЕРЕНДУМОТ. На тој начин ќе видеше светот дека не е баш така сјајно се во Македонија. Знаете со Фројлајн ќе дојдат и големите медиуми и имаше можност да се разбие медиумската блокада. Но нема кој браттми. Лидериштето ми ти било лидериште само за потребите на самојачање и за дечиштата што се шетаат по долгите партиски ходници. Не можел он да кажува. Брука.
Па да. И Тодор Александров така правеше. Им викаше на војводите кој сум бе јас да се борам за Македонија. Ќе си седиме раат и ќе чекаме. И Гоце Делчев така викаше, исто и Јане Сандански. Ја продолживме јако традицијата нели?!