Ангела Меркел на Денот на независноста во посета на Македонија – Владата смета дека ова е јасна порака

Посетата на германската канцеларка на Денот на независноста е само по себе „голем симболичен гест“ велат од Владата. Засега не е познато дали Меркел и австрискиот канцелар Себастијан Курц ќе присуствуваат на свечената прослава, која ќе се одржи на 8-ми септември.


Прославата ќе започне во сабота , во 18 часот, на платото пред Владата и ќе биде отворена за сите грагани. За најмладите ќе настапи Петко 5 плус бенд, ангажирана е македонската филхармонија, а пред граѓаните ќе се обрати и македoнскиот премиер.
Прославата на државниот празник ќе се одбележи под мотото „Заедно одиме напред“.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.