Почина Барт Рејнолдс, легенда на холивудскиот филм

На 82-годишна возраст во болница од срцев удар почина холивудската легенда Барт Рејнолдс. Неговата кариера траеше 60-тина години, а се прослави во 1972 година со филмот “Ослободување“, кој освои три номинации за Оскар. Светска слава сепак доживеа во 1977 година со акционата комедија “Смоки и бандитот“.Благ пад неговата кариера доживеа во 80-тите години, но десет години подоцна успеа да направи голем камбек со филмовите “Стриптиз“ и “Ноќи исполнети со буги“, за кој ја доби единствената номинација за Оскар и беше награден со Златен глобус.Во своите две издадени автобиографии тој ќе каже дека никогаш немал нормална кариера и дека таа наликувала на срцев удар. Снимил стотина филмови, а за себе сметаше дека е пример за долговечност.Легендата на холивудскиот филм требаше да се појави во филмот “Беше еднаш во Холивуд“ на Квентин Тарантино.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.