Како лесно да симнете три килограми за една седмица?

Летото помина, бикините ги спакувавте до следната година, но и покрај тоа би сакале да изгледате убаво. Иако сите ви велат дека изгледате одлично вие, сепак, сметате дека треба барем уште малку да подослабнете. Ви предлагаме неколку начини како да го направите тоа за само една седмица, како брзо и лесно да изгубите три килограми.
Чаша млака вода половина час пред појадокот
На празен желудник испијте една чаша млака вода измешана со сок од половина лимон и една кафена лажица мед. На овој начин, истовремено, ќе направите и детоксификација на организмот.
Пред секој оброк испијте две чаши вода
Половина час пред секој оброк испијте по 2 чаши вода. Тие ќе помогнат во правилното варење на храната, ќе ви го забрзаат метаболизмот и ќе го избегнете формирањето на масни наслаги.
Со вода, цимет и мед против масни наслаги
Во чаша со 100 мл топла вода додадете по половина кафена лажичка цимет и една кафена лажичка мед, и промешајте. Консумирајте ја напивката наутро и навечер 15 минути пред јадење и масните наслаги на критичните места ќе исчезнат како од рака однесени.
Појадувајте кефир со ленено семе
Кефирот можете да го направите и сами, но и да го купите во маркетите. Во шолја со 200 мл кефир вмешајте 2 лажици мелено ленено семе, промешајте и изедете го појадокот. На овој начин ем ќе ги исчистите цревата, ем ќе ја заштитите цревната микрофлора.
Џвакајте ја храната најмалку 20 пати
Иако ова сите добро го знаеме брзото темпо на живот не принудува често и да го заборавиме. Доколку јадете брзо и храната не ја изџвакувате доволно на желудникот ќе му треба повеќе време да ја свари. А, така само ќе го забавите метаболизмот, и ќе создадете масни наслаги на половината, колковите и бутините.

 

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.