Неутешната мајка со години ѕвонела на бројот на починатата ќерка

 

Алисон Рандл, која пред 9 години ја загубила својата ќерка Џени (25), со години се јавувала на бројот на телефон на ќерката.
Алисон и нејзиниот сопруг не знаеле дека Џени има срцева мана, и само едно утро ја пронашле мртва во креветот.
Седум дена по погребот дошла на идеја да заѕвони на бројот на својата ќерка.

Џени секако не и одговорила, но во еден момент се вклучила телефонската секретарка и таа го слушнала драгиот глас… И оставила порака: „Кај си? Каде исчезна?“.
Не поминало многу, а Алисон повторно се јавила на истиот број и оставила порака: „Што правиш?“.
Таа едноставно не можела да се помири со фактот дека Џени ја нема повеќе. Во наредните две години секој ден го повикувала бројот на ќерката, а никому не му рекла дека го прави тоа. Нејзините повици станале исповеди.


„Имаше работи за кои не можев да се поверам на никој друг. Затоа и се јавував“, вели Алисон.
Психијатрите велат дека секој од нас има свој начин да се носи со болката и тагата, и дека тоа потполно е во ред.
„Девет години се навистина долг период, а некога ми се чини дека вчера отиде. Сепак, не можам да кажам дека мојот живот е лош. Имам прекрасен маж и внуци“, вели Алисон и додава дека своите внуки ги учи за тетката Џени, за да знаат се за неа и така да го одржат живо сеќавањето на неа.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.