Сакавте да направите торта од диња, ама немавте рецепт?! Нема проблем. ПУЛС24 го има најлесниот рецепт за вас. И најбрзиот.
5 жолчки
500 г мелени бисквити
400 г миксана диња
250 г маргарин
250 г шеќер во прав
5 белки
120 г шеќер
Со миксер изматете ги маргаринот, шеќерот во прав и жолчките. Додадете ја измиксаната диња и повторно изматете. Потоа додадете ги биквитите, промешајте со лажица на од смесата формирајте ја тортата на послужавник.
Белките изматете ги со 120 г шеќер, нанесете ги на изладената торта и украсете.