Пред три дена премиерот Зоран Заев потврди дека на грчките производи ќе може да стои ознаката Made in Macedonia доколку ја исклучат Made in Greece. Бојан Маричиќ, советник за европски прашања во кабинетот на Заев и технички преговарач со ЕУ потврдува и вели дека прашањето за Made in Macedonia се актуелизирало откако нашиот премиер изјавил дека Македонија нема да има ексклузивитет на ова потекло.
Освен тоа епитетот македонски, по ратификувањето на договорот од Преспа од двете страни, ќе има и фуснота со која ќе се дообјаснува дека производот е од Северна Македонија.Според тоа познатиот натпис Made in Macedonia ќе се замени со македонски, поточно со зборовите македонска конфекција, македонско вино…, но ќе има и посебна ознака дека производот е од Северна Македонија. Патем, се ова е предвидено во трговскиот дел од преспанскиот договор со Грција. Тие што го прочитале, тоа веројатно и го забележале, на останатите останува добро да се информираат за да знаат за што го даваат или не го даваат својот глас.