Жените кои не спијат доволно, можат да имаат поголеми здравствени проблеми од мажите

Жените, поради недостаток на сон можат да имаат поголеми здравствени последици од мажите. Освен тоа, постојат бројни причини зошто на жените им е повеќе од потребен сонот.
Доволно одвоено време за спиење, може да помогне така што значајно ќе ја намали можноста за боледување од депресија и напади на анксиозност.


Поголема потреба за спиење
Според Џиму Хорни, водечкиот бритнски експерт за истражување на однесување во спиењето, кај мажите овие проблеми не се поврзани со недостаток на спиење. Исто така тврди дека здравствените проблеми кај мажите се многу поретко поврзани со недостаток на спиење.
Но, она што е докажано и општо познато е дека една од главните функции на спиењето е опоравувањето и одморањето на мозокот.


Во текот на длабокиот сон, делот од мозокот кој е одговорен за памтење, кортекс, се одвојува од сетилата и така се опоравува. Според тоа, жените во текот на денот обавуваат повеќе работи поради поголема способност за мултитаскинг, па повеќе го користат мозокот, што е една од главните причини за поголемите потреби за спиење

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.