Луксуз: Погледнете го беспрекорниот апартман на Мајкл Корс

Американскиот моден дизајнер Мајкл Корс ја отворил вратата од својот дом за престижното списание “Architectural Digest” и покажал како го уредил просторот кој го дели со својот долгогодишен партнер.
Еден од најпознатите модни креатори кој не престанува да воодушевува со своите дизајни во последните 25 години, за прв пат го покажал својот апартман кој се наоѓа во Њујорк, поточно во престижниот дел на оваа метропола – Гринич Вилиџ.

Неговиот вкус за моден дизајн е беспрекорен, но никој досега не ни можел да претпостави дека модниот дизајнер подеднакво добро се снаоѓа и кога е во прашање уредувањето на ентериерот.
Така, во својот огромен апартман со поглед од 100 милиони долари, тој поставил мебел со потпис од разни уметници и дизајнери на ентериер и уметнички слики и фотографии како портретот на Елизабет Тејлор и Ричард Бартон, но и многу други елементи од кои е тешко да се тргне погледот.
Погледнете го следното видео кое го прикажува станот на познатиот Корс:

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.