За некого мајка за некого маќеа – тоа е ЕУ

Вака. За да биде кристално јасно. Можам да потпишам себеукинување. Да се самоубијам. Мој е животов. Е нема во рајот да ме примат ама…хипотетички нели можам. Но не можам тоа да го направам на соседот, другарот, непознатиот. Оти тогаш не е самоубиство. Туку убиство. Точка.
Но, еве ако се договориме, сите, дека е тоа за повисока цел, за поголемо добро тогаш ќе голтнам кнедла и ќе прифатам. Ќе прифатам да бидеме северна, јужна, проколната или каква и да е. Велиме за поголемо добро нели? Кој не сака? Има таков? Што не сака децата да му живеат во мир и благосостојба? Нема. Ако има мора да е штракнат во главата. Еве искрено велам, нека бидам по националност и ротквица се со цел веќе да не гледам црвена боја на бројките од салдото на картичка, да немам кредити, да се јавувам на сите телефонски повици, дури и на непознатите за да не е случајно некој од банка. Еве, Рубенс, по националност ротквица.
И сега, што ми се нуди за возврат? Ми се нуди воен сојуз кој секојдневно убива илјадници ширум светот оставајки дечиња сираци и родители без деца, урива и разрушува се со цел да донесе мир во светот?!? Убивајки да донесеш мир? И као во нато членките има мир? Нема неправди, нема сиромаси, нема убијци…нема криминал и корупција? Има бре! На тони. Ако ова не го гледаш, о ти, вљубенику во воени сојузи си или природно глуп или вежбаш! Секојдневно! Со мое прифаќање да бидам дел од тој сојуз автоматски земам дел од вината за секое убиено дете низ светот! Точка!За лицемерната, дволична, корумпирана и “занекогомајказанекогомаќеа” еу не сакам ни буква да стиснам на тастатурава. Банда на неморален, корумпиран и фашизоиден естаблишмент.
Е па дечки, ништо од бизнисот. Малку давате а многу барате.Ќе останам Македонец, напиша на својот ФБ актерот Рубенс Муратовски.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.