Се соочила со смртта, а докторот ја пратил да глуми во хорор филм

На Кристина Кариагина, Русинка која боледува од анорексија, лекарот без трошка емоција и рекол дека изгледа толку страшно што може да глуми во хорор филм. Таа има само 17 килограми и е пред сигурна смрт.
Лекарот вели дека 26-годишната девојка од Барнаул, на југот на Русија, ќе биде на половина пат од излекување кога ќе научи да се шегува на своја сметка. Кога станал сериозен, и рекол дека би можела да почине во рок од една година ако не се лекува.
Болеста се појавила кога била средношколка, затоа што престанала да јаде. Денес нејзината исхрана се состои од парчиња јаболко и банани, а тешка е како просечно дете од четири години.


Приказната на Кристина ја потресе и руската ријалити ѕвезда Марија Кокхно, која и самата боледувала од анорексија. За да може да и помогне, започнала кампања на социјалните мрежи.
Колку ситуацијата е сериозна сведочи фактот дека има далеку помалку килограми од луѓето кои досега умреле од анорексија. Нивните тежини се движеле од 18 до 25 килограми, а кај толку мала тежина органите започнуваат да откажуваат.
-Знам како е кога некој ќе стави храна пред вас, а вие не можете да јадете. Дури и кога сте свесни дека умирате, вие не можете да јадете, рекла Марија, која го замолила др. Јан Голанд Кристина да ја лекува бесплатно.


Досега собрала пари за патот на Кристина и нејзината мајка во Нижниј Новогород, а како што се испоставило, Голанд е лекарот кој на Кристина и го кажал коментарот за хоророт. Изгледа дека тоа сепак ја мотивирало за промена, затоа што веќе вториот ден јадела каша.
-Видов дека јаде каша и не можев да им верувам на очите. претходно јадеше само ситни парчиња јаболко и банани и пиеше вода и сок, рекла нејзината мајка Марина.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.