Гола скокна од шести кат во Дубаи и преживеа: Преубавата манекенка конечно ги откри деталите

Руската манекенка, 23 годишната Екатерина Стетсјук, која бегајќи од маж кој сакал да ја силува, скокнала од шести кат во хотел во Дубаи.
Таа тврди дека шефот кој е Пакистанец, кој како сопственик на агенција за модели ја одвел во Дубаи, пробал да ја силува под закана со нож во хотелска соба, а дека тој ја обвинил дека сакала да го убие.
Во московската програма „On Air Live“, раскажала дека се спротиставувала на неговите напади, но дека ја повикал во работно време да дојде во хотелот во кој седел.
-Почна сексуално да ме вознемирува, да ми ги допира колената. Ја тргнав неговата, а тој збесна и полуди. Сфатив дека морам брзо да одам, вели таа.


-Побегнав во ходник, но тој ме фати за коса и извлечка во собата. Зема нож и ме притисна за ѕид, држејќи ме за врат и почна да ме дави, продолжува таа.
После тоа ја натерал да се соблече.
-Ужасно се плашев, не толку дека ќе ме силува, најмногу се плашев дека ќе ме убие, кажала манекенката.
Таа успеала да се тргне од него и гола скокнала низ прозор, а преживеала само благодарејќи на тоа што паднала на тенда.

 

View this post on Instagram

 

????‍♀️ #ilovemylife❤️

A post shared by Katrin? (@black_jack_lady) on


Се уште се опоравува во болница од повеќекратните повреди на грбот кога е уапсена. Вели дека два пати е оперирана и дека и вградиле титаниумска плочка во грбот, како повторно би можела да оди.
-Полицијата едноставно ме извлече од кревет. Во тоа време можев само да ги мрднам прстите и вратот. Ме сместија количка, ми го одземаа телефонот и ме однесоа.


Таа додава дека е обвинета дека го нападнала Пакистанецот со нож.
-Тоа е измислица. Тоа е муслиманска земја, во која законот ги штити мажите, вели таа.
Стетсјук се вратила во Русија после три месеци во затвор, додека нејзиниот шеф кој бил депортиран во Пакистан, поминал без казна.
Манекенката сепак признава дека згрешила што ја прифатила работата и вели дека имала „луда среќа“.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.