Излезноста на граѓаните на Република Македонија во 15:30 часот достигна до бројката од 22,56 насто од вкупно запишаните гласачи во државава или ако ви е појасно 334.075 од нив.
Остануваат уште само неколку часа за да ги видиме крајните резултати. Гласачките места и кутиите во нив се затвораат во 19:00 часот. Дали Македонците се за влез во ЕУ и НАТО, со промена на името од Р. Македонија во Република Северна Македонија ќе дознаеме за кратко. Но според досегашната излезност референдумот нема да има цензус.