Денеска во 6:45 часот непознати лица со два автомобили од марката „Мини Купер“ и еден караван ја нападнале куќата на фолк пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ.
Според српските медиуми тие со возилата ја удирале капијата на пејачката, а потоа побегнале во непознат правец.
Според сознанијата напаѓачите возеле „Мини Купер“ и еден караван со кои налетале право во куќата на Цеца.
-Очекувам апсење во текот на денот, полицијата ги има снимките, ова е намерен вандалски напад во приватен имот, изјави Цеца за српски Телеграф.