Канцеларијата на Народниот правобранител ќе има брифинг за проблемите со Избирачкиот список

Тема на денешниот брифинг за медиумите кој ќе се одржи во Канцелеријата на Народниот правобранител ќе бидат констатираните состојби и проблеми со Избирачкиот список и со остварувањето на избирачкото право.
Според Канцеларијата, проблемите со Избирачкиот список и со остварувањето на избирачкото право се провлекуваат неколку изборни циклуси наназад, за што Народниот правобраниел има изготвено и посебен извештај.
Истите проблеми, како што наведува Канцеларијата, се потврдија и на денот на одржувањето на референдумот.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.