Исчезнатиот новинар на „Вашингтон пост“ е убиен во Конзулатот во Истанбул?

Иако веќе неколку дена се води како исчезнат веќе се појавија сериозни обвинувања дека новинарот на „Вашингтон пост“ е убиен во саудискиот Конзулат во Истанбул. Турските власти изјавија дека веруваат дека Џамал Кашоги е убиен во Конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул.
Кашоги, кој е саудиски државјанин, за последен пат бил виден во вторникот кога го посетил Конзулатот. Според исказ на официјално лице, првичната истрага упатува на тоа дека Кашоги е убиен внатре, иако Турција засега нема дадено ниеден доказ за своето тврдење.
Саудиска Арабија ги отфрла овие обвинувања и изјави дека работи на негово пронаоѓање.
„Вашингтон пост“ соопшти дека евентуалното убиство на Кашоги би бил монструозен чин и дека ова би можело да предизвика голема криза во односите помеѓу Турција и Саудиска Арабија.
Џамал Кашоги е познат како голем критичар на саудискиот принц Мохамед бин Салман и има 1,6 милиони следбеници на Твитер. Во вторникот, тој отишол во Конзулатот за да добие потврда за развод, за да може да се ожени со својата свршеница од Турција. Таа вели дека го чекала надвор 11 часа, но тој од таму не излегол.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.