ЗА ПАНДИШПАН
6 јајца
12 лажици шеќер
12 лажици брашно
70 г маргарин
70 мл варено кафе
1 лажица какао
1 ванилин шеќер
1 прашок за печиво
ЗА ФИЛ
2 кесички шлаг
200 мл млеко
150 г чоколадо
150 г мелени лешници
Јајцата изматете ги со шеќерот и ванилиниот шеќер. Додадете ги брашното, прашокот за печиво, кафето, какаото и растопениот маргарин. Измешајте ја смесата со лажица и ставете ја во тава за печење. Испечете пандишпан и исечете го на половина.
Првата лента пандишпан премачкајте ја со изматен шлаг и наросете рендано чоколадо. Ставете ја втората лента пандишпан и премачкајте со шлаг. Наросете ја тортата со рендано чоколадо и лешници.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.