Судијката Кацарска казни и избрка повеќе од 20 адвокати од „27 април”

Повеќе од 20 адвокати на обвинетите за настаните од 27 април се казнети со по 1000 евра и отстранети од судењето. Судијката Добрила Кацарска се решила на ваков потег заради реакција на дел од одбраната дека судницата во старата зграда на Кривичен нема услови и простор да смести повеќе од 50 луѓе, дел од процесот за крвавиот упад во Собранието. Сега обвинетите ќе треба да чекаат Судот да им назначи бранители по службена должност, бидејќи на досегашните бранители им е одземено правото да ги застапуваат.
Обвинителката која го застапува предметот посочи дека тенденцијата на адвокатите е друга, и дека не се проблем просторот и судницата во која и во минатото се сослушувале загрозени сведоци од други случаи.
Застапникот на обвинението, Вилма Русковска, рече дека не може да ја коментира веста дека се договара амнестија за обвинетите за 27 април затоа што тоа е политичка одлука. Судот даде пауза од еден час и се чека да се види на кој начин и со кои адвокати ќе се сослуша загрозениот сведок, сведочење кое треба да ги поврзе активностите на обвинетите од на 27 април минатата година.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.