Живееме во време во кое сме опколени со безобразни луѓе. Ако некој е безобразен со вас, тогаш направете една од овие 5 работи кои ќе ги збунат и ќе ги натераат да ја спуштат топката.
Никој не ги сака безобразните луѓе, но порано или подоцна, секој од нас мора да се научи да се справува со нив. Затоа денес и ви претставуваме 5 ефикасни работи кои ќе ви помогнат да излезете на крај со нив:
Наведете ги да почувствуваат дека имате разбирање за нив
Кога некоја личност е непријатна кон вас, последно нешто што очекува е љубезност од ваша страна. Кажете им дека го разбирате нивниот поглед на нештата (дури и кога тоа не е така) и со тоа ќе ги оставите без текст.
Заблагодарете им се
Широко насмевнете им се и упатете им поглед полн со благодарност. Тоа ќе им покаже дека сте подобра личност од нив, но и дека нивните злобни коментари не допираат до вас.
Согласете се со нив
Тоа што некој зборува со негативен тон и негативни зборови не значи дека не е во право. Ако е тоа случајот, дајте им признание. Голема е шансата дека малку ќе ја спуштат топката, затоа што најверојатно тие со агресивниот настап ја прикриваат својата несигурност. Кога ќе им покажете дека се согласувате со нив, ќе ги спуштат ѕидовите.
Прекинете го разговорот
Ако разговорот не води никаде, туку само следат негативни коментари еден по друг, слободно прекинете го разговорот. Во такви ситуации морате да покажете цврстина и да преземете контрола. Вие одлучувате кога ќе заврши разговорот, а не тие.
Насмејте се
Кога ништо друго не помага, насмејте се и продолжите понатаму.